
Федерација на училишен спорт на Македонија

Општина Струмица

Агенција за млади и спорт
ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ НА ДРЖАВНИ СПОРТСКИ ИГРИ ЗА СРЕДНИ УЧИЛИШТА – ГИМНАЗИЈАДА
„СТРУМИЦА 2022“
О Р Г А Н И З А Т О Р И
ФЕДЕРАЦИЈА НА УЧИЛИШЕН СПОРТ НА МАКЕДОНИЈА
ОПШТИНСКИ СОЈУЗ НА УЧИЛИШЕН СПОРТ – СТРУМИЦА
П О К Р О В И Т Е Л И
АГЕНЦИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ГРАДОНАЧАЛНИК И СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
О Р Г А Н И З А Ц И О Н Е Н О Д Б О Р :
- АЛЕКСАНДАР ТУФЕКЧИЕВСКИ – Претседател на ФУСМ
- КОСТАДИН КОСТАДИНОВ – Градоначалник на Општина Струмица
- НАУМЧЕ МОЈСОВСКИ – Директор на Агенција за млади и спорт на РСМ
- ДРАГАН ЈАНКОВ – Претседател на Општински СУС Струмица
- ГЕРМАН БОГЛЕВ – Генерален секретар на ФУСМ
- МИЛАН КОЛЕВ – Претседател на Натпреварувачка комисија на ФУСМ
- СЛАВЧО ДАВИТКОВСКИ – Потпретседател на ФУСМ и Претседател на СУС на Источен регион
- ГЛИГОР ХРИСТОВ – Потпретседател на ФУСМ и Претседател на СУС на Скопски регион
- МУСТАФА АЛИУ – Потпретседател на ФУСМ и Претседател на СУС на Западен регион
- ТОНИ КАРАКОЛЕВ – Секретар на СУС на Источен регион и ОСУС
- АЛЕКСАНДАР ОЏАКОВ – Секретар на Општина Струмица
- РИСТО СЕКУЛОВ – општински инспектор за спорт на Општина Струмица
- НАДИЦА ПАТРИКОВА – раководител на Сектор за образование на Општина Струмица
- ТОМЕ ВЕСЕВ – Началник на УВР Струмица
- ЉУБИЦА МИТЕВА – Директор на Здравен дом – Струмица
- МАРИЈАНА ТОШЕВА – Секретар на Црвен крст Струмица
РАБОТНИ ТЕЛА И КОМИСИИ :
КОМИСИЈА ЗА СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ :
1. Надица Патрикова – Сектор за образование при Општина Струмица 2. Ристо Секулов – Општински инспектор за спорт во Општина Струмица 2 Драган Јанков – Директор на СОУ “Никола Карев“.
- Димитар Ѓорѓев – директор на СОУ “Димитар Влахов“
- Леонид Танчев – директор на ООУ “Видое Подгорец“
- Борис Иванов – директор на ООУ “Никола Вапцаров“
- Валентина Пеливанова – директор на ООУ “Даме Груев – с.Куклиш
КОМИСИЈА ЗА НАТПРЕВАРИ :
- Милан Колев – претседател на Натпреварувачка комисија на ФУСМ
- Герман Боглев – генерален секретар на ФУСМ
- Тони Караколев – секретар на СУС на Источен регион и ОСУС Струмица
- Славчо Давитковски – претседател на Судиска комисија и фудбал при ФУСМ
- Драган Јанков – претседател на Комисија за кошарка на ФУСМ
- Дејан Димоски – претседател на Комисија за одбојка на ФУСМ
- Јорданчо Ѓеоргиевски – претседател на Комисија за ракомет на ФУСМ
- Седадин Али – претседател на Комисија за футсал на ФУСМ
- Дејан Ангеловски – претседател на Комисија за атлетика на ФУСМ
ТЕХНИЧКА КОМИСИЈА ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАТПРЕВАРИ:
- Југослав Цицимов (кошарка) – професор во СОУ “Никола Карев“
- Љупчо Бучевски (ракомет) – професор во СОУ “Димитар Влахов“
- Елена Василева (одбојка) – наставник во ООУ “Никола Вапцаров“
- Зоран Спасов (одбојка) – наставник во ООУ “Видое Подгорец“
- Никола Џорлев (фудбал) – наставник во ООУ “Сандо Масев“
- Ратко Кршков (футсал) – наставник во ООУ “Даме Груев“ – с.Куклиш
КОМИСИЈА ЗА ПРОМОТИВНИ СПОРТОВИ :
1. Зоран Спасов (кик-бокс) – наставник во ОУ Видое Подгорец
СУДИСКА КОМИСИЈА :
- Славчо Давитковски – претседател на Судиска комисија на ФУСМ
- Слободан Великов – одбојка
- Кире Ахтаров – кошарка
- Никола Џорлев – фудбал
- Живко Андонов – ракомет
- Дејан Ангеловски – атлетика
- Мијалче Маџаров – футсал
ЗДРАВСТВЕНА КОМИСИЈА :
- д-р Љубица Митева – директор на Здравен дом – Струмица
- д-р Милан Гудев – спортски лекар
- д-р Коче Манчев – спортски лекар
- Маријана Тошева – секретар на Црвен крст – Струмица
КОМИСИЈА ЗА БИЛТЕНИ И ИНФОРМИРАЊЕ:
- Герман Боглев – Генерален секретар на ФУСМ
- Тони Караколев – Секретар на СУС на Источен регион и ОСУС Струмица
- Горан Милковски – Претседател на Комисија за информирање на ФУСМ
- Ване Трајков – спортски новинар во ТВ ВИС Струмица
- Ангелчо Гушев – ФБ администратор при ФУСМ
КОМИСИЈА ЗА СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ :
- Александар Туфекчиевски – претседател на ФУСМ
- Драган Јанков – претседател на ОСУС – Струмица
- Герман Боглев – генерален секретар на ФУСМ
- Тони Караколев – секретар на СУС на Источен регион и ОСУС – Струмица
- Ристо Секулов – општински инспектор за спорт на Општина Струмица
- Љупка Галаска – СОУ “Димитар Влахов“ – Струмица
- Катерина Палифрова – СОУ “Никола Карев“ – Струмица
- Атанас Цикарски – СОУ “Јане Сандански“ – Струмица
- Ване Трајков – спортски новинар и водител на ТВ ВИС Струмица
РЕГИСТРАЦИОНА КОМИСИЈА :
- Герман Боглев – генерален секретар на ФУСМ
- Милан Колев – секретар на Западен регион
- Тони Караколев – секретар на Источен регион
- Бојан Николовски – секретар на Скопски регион
КОМИСИЈА ЗА ПРИГОВОРИ И ЖАЛБИ :
- Милан Колев – претседател на Натпреварувачка комисија на ФУСМ
- Дејан Димоски – претседател на Дисциплинска комисија на ФУСМ
- Здравко Ристески – претседател на Надзорен одбор на ФУСМ
- Глигор Христов – претседател на СУС на Скопски регион
- Мустафа Алиу – претседател на СУС на Западен регион
УЧЕСТВО НА ГИМНАЗИЈАДА “СТРУМИЦА 2022“
Право на учество на Државните спортски игри за средни училишта ГИМНАЗИЈАДА “СТРУМИЦА 2022“ имаат сите средни училишта во Република Македонија, чии училишни спортски екипи и натпреварувачи обезбедиле пласман и учество на истата.
Право на учество на ДСИ Гимназијада “СТРУМИЦА 2022“ имаат редовни и вонредни ученици/ки од средните училишта запишани во учебната 2021/2022 година, кои се родени 2002 година и помлади.
Натпреварувањето на ДСИ Гимназијада “СТРУМИЦА 2022“ ќе се одвива во екипните спортови: ФУТСАЛ, КОШАРКА, РАКОМЕТ,
ОДБОЈКА и ФУДБАЛ, како и во индивидуалниот спорт АТЛЕТИКА во машка и женска конкуренција.
На Гимназијада “СТРУМИЦА 2022“, во натпреварувањето во екипните спортови во машка и женска конкуренција учествуваат по 4 (четири) екипи, кои своето право на учество го стекнуваат на следниот начин:
- Домаќинот технички организатор на Гимназијада “СТРУМИЦА 2022“, учествува директно со по една екипа во сите екипни спортови во машка и женска конкуренција.
- Победничките екипи на Регионалните натпревари на Источен, Западен и Скопски регион во наведените екипни спортови во машка и женска конкуренција.
Натпреварувањето на Гимназијада “СТРУМИЦА 2022“ во екипните спортови се реализира во ЕДНОДНЕВЕН турнир во КУП систем, со одигрување на вкупно 4 (четири) натпревари, и тоа: два полуфинални натпревари; натпревар за 3-4 место; и Финален натпревар за 1-2 место.
Жребувањето на екипите за Полуфиналните двојки и натпревари се врши пред почетокот на натпреварите на Турнирот, од страна на делегатот на натпреварите во присуство на професорите водачи на екипите учесници на натпреварите.
Во АТЛЕТИКА, натпреварувачите – средношколци/ки учествуваат директно на Гимназијадата без предходни зонски и регионални натпревари.
ПРАВА И ОБВРСКИ НА ЕКИПИТЕ УЧЕСНИЧКИ НА
ГИМНАЗИЈАДА “СТРУМИЦА 2022“
Согласно Правилникот за натпревари на ФУСМ, за учество на ДСИ за средни училишта ГИМНАЗИЈАДА “СТРУМИЦА 2022“, екипите треба да ги исполнуват следните услови:
- Бројот на членовите-играчи на една екипа изнесува:
- во ФУТСАЛ до 10 (десет) играчи;
- во КОШАРКА и ОДБОЈКА до 12 (дванаесет) играчи;
- во РАКОМЕТ до 14 (четиринаесет) играчи;
- во ФУДБАЛ – машки до 16 (шеснаесет) играчи;
- во ФУДБАЛ – женски до 14 (четиринаесет) играчи;
- Пријавените играчи на една екипа на почетокот на Гимназијада остануват исти без право на нивно менување или ротирање во текот на натпреварите на Гимназијадата.
- Еден натпреварувач/ка има право на настап во два спорта.
- Идентитетот на натпреварувачите се докажува со членска натпреварувачка книшка од ФУСМ, заверена за тековната натпреварувачка година-сезона од Општинскиот Сојуз и самото училиште, како и Список на екипата заверен од училиштето.
- Секој ученик-натпреварувач мора да има задолжително заверен лекарски преглед во натпреварувачката книшка кој не е постар од 6 (шест) месеци, во спротивно нема да му се дозволи настап на натпреварите,
- Екипите учеснички немаат право да се засилуват и настапуват со играчи ученици од други училишта.
- Екипите за време на натпреварите може да ги водат еден или двајца професори, кои имаат писмена потврда од училиштето дека се вработени во истото.
- Екипите се должни да имаат еднообразна спортска опремадресови и со себе да носат топки за загревање а домаќиноторганизатор обезбедува топки за игра и натпревар.
- На првите три пласирани екипи ќе им бидат доделени пехари, дипломи и медали, додека на четвртопласираната екипа ќе и бидат доделени само дипломи.
ПРОГРАМА НА ГИМНАЗИЈАДА „СТРУМИЦА 2022“
11.МАЈ.2022 – СРЕДА – КУМАНОВО
Атлетски стадион “Соколана“ во Куманово
10:00 часот: Пристигнување на натпреварувачите
11:00 часот: Натпревари во АТЛЕТИКА – машки и женски
12.МАЈ.2022 – ЧЕТВРТОК – СТРУМИЦА
10:00 часот: Пристигнување на екипите во спортската сала на СОУ “Димитар Влахов“ во Струмица
10:30 часот: Свечено отворање на Гимназијада “СТРУМИЦА 2022“
НАТПРЕВАРИ – 12:00 часот
- Терен со вештачка трева до Градски стадион : ФУДБАЛ – МАШКИ
- Спортска сала на СОУ “Никола Карев“ : КОШАРКА – МАШКИ
- Спортска сала на СОУ “Димитар Влахов“ : РАКОМЕТ – МАШКИ
- Спортска сала на ООУ “Никола Вапцаров“ : ОДБОЈКА – ЖЕНСКИ
- Спортска сала на ООУ “Даме Груев“ с.Куклиш: ФУТСАЛ – ЖЕНСКИ
13.МАЈ.2022 – ПЕТОК – СТРУМИЦА
10:00 часот: Пристигнување на екипите
НАТПРЕВАРИ – 11:00 часот
- Терен со вештачка трева до Градски стадион: ФУДБАЛ – ЖЕНСКИ
- Спортска сала на СОУ “Никола Карев“: КОШАРКА – ЖЕНСКИ
- Спортска сала на СОУ “Димитар Влахов“: РАКОМЕТ – ЖЕНСКИ
- Спортска сала на ООУ “Видое Подгорец“: ОДБОЈКА – МАШКИ
- Спортска сала на ООУ “Даме Груев“ с.Куклиш: ФУТСАЛ – МАШКИ
