ФУСМ ЈА ЗАПОЧНА ОБУКАТА НА СПОРТИСТИТЕ – СОВЕТНИЦИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ МЕСТЕЊЕ РЕЗУЛТАТИ ВО СПОРТОТ
Од фебруари оваа година започна обуката на спортисти – советници против местење резултати во спортот во рамките на истоимениот проект финансиран од Европската унија преку програмата Еразмус+, потпрограма спорт како централна акција финансирана директно од Брисел преку координаторот на проектот ЖФК Интерблок 1975 од Љубљана.
По објавениот конкурс од страна на нашата федерација беше направен избор на 5 активни спортисти кои се пријавија на истиот и ги исполнуваат неопходните услови и тоа: (по азбучен ред)
- Вероника Велковска – стрелаштво
- Виктор Велјаноски – ракомет
- Даниел Нацевски – кошарка
- Љиља Ковачевиќ – одбојка и
- Мартина Боглева – фудбал.
Првата обука поврзана со воведниот модул и запознавањето на спортистите – советници со проектот и обучувачите се одржа на 27 и 28.02 во виртуелна форма со користење на ZOOM платформата. При тоа беа споделени информации со спортистите – советниците околу содржината и задачите во рамки на проектот, беа споделени и документи во електронска форма за да можат учесниците индивидуално и темелно да се запознаат со нивните обврски и очекувања.
По подобрувањето на епидемиолошката состојба на 26 и 27.03.20022 година во просториите на ФЗНХ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје се одржа втората сесија од обуката посветена на поимите поврзани со овој феномен како и со можните причини за местење резултати во спортот при што беше применет интерактивен пристап со активно учество на спортистите – советници.
Во оваа обука покрај спортистите – советници, учествуваа и обучувачите Зоран Т. Поповски, Деспина П. Стојанов и Никола Боглев, а присуствуваше и генералниот секретар на ФУСМ Герман Боглев. Во текот на оваа обука беа потпишани и договорите за ангажирање на спортистите – советници во овој проект.
По завршувањето на вториот ден од оваа сесија, беше организиран ручек и дружба на која присутните взаемно подобро се запознаа, а при тоа беше договорена и динамиката на следните сесии во рамки на обуката.






