
ИСТОРИЈАТ И СТРУКТУРА
Федерацијата на училишен спорт на Македонија (ФУСМ) е формирана како невладина организација во 1964 за да го организира училишниот спорт во Македонија. Таа се состои од 3 региони кои се поделени во 12 зони, а е органзирана преку 36 општински сојузи за училишен спорт. Најмала единица во организационата структура на ФУСМ се 250 училишни спортски клубови кои се формирани по основни и средни училишта низ државата.
ФУСМ има 4 постојано вработени лица и 12 активисти кои се со повремен ангажман. Покрај овие професионално и полупрофесионално ангажирани лица во ФУСМ, во нејзината работа се волонтерски вклучени стотини наставници по физичка култура кои се носители на дејноста на федерацијата. Главен партнер на ФУСМ од органите на управа е Агенцијата за млади и спорт која како владина институција учествува во финансирање на тековните активности на ФУСМ.
МИСИЈА
ФУСМ е исправена пред исклучително значаен предзвик, а тоа е што помасовно вклучување на учениците од основните и средните училишта во македонија во организиран систем на натпревари од училишно, преку општинско, зонско, регионално па до национално ниво. А најдобрите екипи на државните натпревари се поддржуваат за учество на европски и светски првенства. Ваквите натпреварувања се незамелнива основа за развој на целокупниот врвен и масовен спорт во државата.
Вториот предизвик на ФУСМ е унапредување на наставниот процес по физичкото образование и спортот
овозоможувајќи нормален и здрав физички и ментален развој на новите генерации.
АКТИВНОСТИ
ФУСМ организира натпреварувања во 20-тина индивидуални и колективни спортови на различни нивоа општинско, зонско, меѓу-зонско (регионално), државно (национално) и меѓународно ниво, во кои годишно се вклучуваат над 60 илјади ученици и околу 800 наставници-тренери по физичко и здравствено образование од основните и професори-тренери по спорт и спортски активности од средните училишта во фудбал, футсал, кошарка, ракомет, одбојка, атлетика, кајак, карате, тенис, борење, шах, скијање, куглање, пинг-понг, стрелаштво, џудо, гимнастика и други спортови, од основните и средни училишта низ државата и училиштата со учениците со посебни потреби, без оглед на етничките, родовите и другите разлики кои постојат меѓу нив.
Територијалниот принцип на организација на натпреварите подразбира дека најдобрите екипи од едно училиште го претставуваат училиштето на општинско ниво, од каде победниците продолжуваат на зонски, па регионални до државни првенства. Овие државни првенства се организираат на начин да секоја непарна година се организираат Мали олимписки игри за учениците од основните училишта, а во непарните години се организира т.н. Гимназијада на
која учествуваат учениците-спортисти од средните училишта и секоја година Спортски игри за основните и средни училишта кои работат со ученици со посебни потреби. Во годините кога не се организираат овие настани централно на државно ниво, односно во непарните години се организираат државни првенства за средни училишта низ повеќе градови домаќини низ државата, а во парните години се организираат државни првенства во
различни спортови за основни училишта исто така во повеќе градови низ Македонија.
Покрај вообичаените спортови, на овие централни манифестации (Мали Олимписки Игри и Гимназијада) се организираат и натпревари во некои нови т.н. промотивни спортови кои потоа можат да влезат во системот на натпреварување на ФУСМ. Во последните неколку години, ФУСМ освен овие првенства организира и Лиги за одредени спортови за учениците од пониските одделенија во основните училишта кои траат во текот на целата учебна година.
За најдобрите ученици-спортисти, ФУСМ секоја година организира Летен камп за повеќе спортови на кои најдобрите млади спортисти ги унапредуваат своите спортски вештини тренирајќи под менторство на врвни спортисти и тренери од Македонија. Исто така, заради унапредување на наставата по физичко образование во одделенската настава во основните училишта, ФУСМ е промотор на проектот забавен училишен спорт кој сега се реализира на државно ниво со целосна поддршка на државата.
ФУСМ во соработка со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје е длабоко инволвирана во континуирана обука и дообука на наставниот кадар по физичко образование преку организација на семинари, работилници, курсеви други облици на образование за возрасни. И конечно, заради споделување на добрите пракси од својата работа ФУСМ повремено организира стручно-научна конференција посветена на училишниот спорт на кои се стручни, популарни и научни трудови се презентираат искуства поврзани со училишниот спорт и физичката култура. ФУСМ планира овие манифестации
наскоро да добијат и меѓународен карактер.
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
ФУСМ е членка на Светската федерација (ISF) и Европската федерација (ESSF) за училишен спорт учествувајќи на бројни натпреварувања на европско и светско ниво во разни спортови на кои наши училишни клубови постигнувале завидни резултати. Воедно ФУСМ бил организатор на неколку меѓународни училишни спортски манифестации за чија организација добивала пофалби од европската и светската федерација чии челници неколку
пати гостувале во нашата држава.
Во изминатите неколку години ФУСМ е учесник и координатор на бројни меѓународни проекти кои се финансирани од страна на ЕУ преку програмата на Еразмус+, но и во билатерални проекти на регионално ниво.
